Преку фотографиите ја доловуваме атмосферата од последниот тренинг на фудбалерите на Силекс пред утрешното финале од Купот на Македонија против Шкендија.
Фудбалерите на Силекс вечерва го одработија последниот официјален тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде утре ќе се игра 34. финале од Купот на Македонија со почеток од 20 часот.
Кратовци се максимално мотивирани и подготвени за големиот предизвик, а во таборот на Силекс владее позитивна атмосфера пред натпреварот кој може да донесе нов трофеј во клупските витрини.

Силекс утре ќе игра за својата четврта Куп титула во историјата, а ова ќе биде седмо финале за клубот од Кратово. Првиот трофеј Силекс го освои во 1994 година, вториот во 1997 година, додека третата Куп титула пристигна во 2021 година. Кратовци играа финале и во 1995 година, како и во 2022 година, кога останаа без трофејот.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, делегирани се и судиите за утрешното финале на Националната арена во Скопје, каде се очекува вистински фудбалски спектакл меѓу Силекс и Шкендија.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...
Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...
Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...
Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во...
Тиверија Брера со 48 гола го има најефикасниот напад во лигата, а...
Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...