Брегалница го игра последниот домашен натпревар во есенската полусезона, а на Градскиот стадион во Штип ја пречекува екипата на Охрид, во рамки на 14. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Штипјани сакаат продолжување на победничката низа, а пак охриѓани сакаат да се вратат на победничките патеки, после поразот во претходното коло од Детонит Плачковица.
Александар Урошевиќ од Тетово ќе биде главен судија на мечот Брегалница – Охрид, кој стартува во 13 часот.
- ВО ЖИВО: БРЕГАЛНИЦА – ОХРИД (ПРЕНОС ФФМ)