Турнири

Отворени пријавувањата за Меморијалниот турнир „Сашко Гелов – Шулц“ – обезбеден награден фонд од 300.000 денари

Сподели
Сподели



Во тек се пријавувањата за шестото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сашко Гелов – Шулц“, кој и оваа година ќе ги собере љубителите на спортот, дружењето и добрата атмосфера.

Турнирот ќе започне на 10 јуни, додека големото финале е закажано за 19 јуни 2026 година. Натпреварите ќе се играат во формат 4+1, а организаторите најавуваат уште побогато и поатрактивно издание во споредба со претходните години.

Котизацијата за учество изнесува 6.000 денари по екипа, а бројот на учесници е ограничен на само 16 екипи, што значи дека заинтересираните тимови треба навреме да го обезбедат своето место на турнирот.

За најдобрите екипи е предвиден богат награден фонд. Победникот ќе освои 150.000 денари, второпласираниот тим ќе добие 80.000 денари, третото место носи 50.000 денари, додека четвртопласираната екипа ќе биде наградена со 20.000 денари.

Организаторите најавуваат и дополнителна програма со повеќе изненадувања, како и настапи на фолклорни друштва, со цел турнирот повторно да прерасне во вистински спортски и културен настан.

„Пријатели, другари и поддржувачи на ликот и делото на Сашко Гелов Шулц, време е за шестиот меморијален турнир во негова чест. Досега најголеми награди, многу други изненадувања и настапи на фолклорни друштва ќе бидат дел од овој незаборавен настан. Да се собереме повторно, да оддадеме почит и преку спортот и дружењето да го чуваме споменот на нашиот Сашко“, велат организаторите на овој меморијален турнир.

Сите заинтересирани екипи можат да добијат дополнителни информации и да се пријават на телефонскиот број 077 490 684,„“ натпреварот ќе се играат во „Старо училиште“ во Росоман.

Спортска Мрежа и годинава ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан во чест на Сашко Гелов – Шулц.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!