Втора лигаФудбал

Се чека последниот патник во баражот за Втора лига

Сподели
Сподели

Во баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига влегуваат осум екипи, пет третолигаши и три второлигаши.

Веќе се познати екипи кои ќе играат во второлигашките бараж, останува само дилемата за последниот патник.

Кожуф, Тетекс и Каменица Саса се трите второлигаши кои ќе се борат за опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Од третолигашите сигурно ќе играат Камјани кој стана шампион во Трета лига – Запад, Влазними од Струга кој стана шампион во Трета лига – Југозапад, Еуромилк ГЛ кој е шампион во Трета лига – Север и Борец кој е шампион во Трета лига – Југ.

Останува дилемата на три кола до крајот во Трета лига – Исток, дали лидерот Победа Валандово или второпласираниот Овче Поле ќе биде последниот патник во баражот за Втора лига.

  • Што вели табелата во Трета лига – Исток и распоредот на „калинкарите“ и „овчарите“ за шампионскиот трофеј вреден бараж за Втора лига?

Победа Валандово е прва со 38, а Овче Поле е втор со 37 бодови, само еден бод е разликата

  • РАСПОРЕД

20 коло
Овче Поле – Дојранско Езеро
Победа Валандово – Тиверија

21 коло
Карбинци – Победа Валандово
Хоризонт Турново – Овче Поле

22 коло
Овче Поле – Малеш
Победа Валандово – Брегалница Делчево

Победниците од овие бараж натпревари ќе бидат нови членови на Втората македонска фудбалска лига за сезона 2026/2027.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!