Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Скопје е нов шампион во Првата женска фудбалска лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Скопје денес со убедливи 8:0 го декласираше Топ Гол на домашен терен и официјално на четири кола до крајот и математички стана нов шампион во Првата женска фудбалска лига.

Во рамки на 23. коло тимот од Пржино сосема очекувано ја оправда фаворитската улога славејќи над гостинот од Битола.

Двоен стрелец во големата победа на Пржино беше Блехана Алиеска, а по еден гол постигнаа Бесарта Фида, Емили Митковска, Кристина Крстева, Тамара Атанасовска, Емилија Ивковиќ и Ања Головска.

Скопје е на врвот со 66 бодови, а на второто место во ПЖФЛ е Тиверија Брера од Струмица со 51 бод.

До крајот од сезоната новиот шампион Скопје ќе игра со Каменица Саса во гости, со Љуботен дома, Истатов и во последното коло против Тиверија Брера дома.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!