Ракомет

Кога успехот обединува: македонските клубови со поддршка за Охрид

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометниот клуб Охрид продолжува да ја живее својата европска бајка, а големиот успех – пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот Куп – не помина незабележано во македонската ракометна јавност.

„Црвено-црните“ јавно му честитаа на Охрид за историскиот пласман, испраќајќи порака дека ваквите успеси се гордост за целиот македонски спорт.

„Пласманот во едно европско финале е потврда за квалитет, посветеност, работа и верба, а воедно и гордост за сите што го следат и сакаат ракометот во Македонија. На РК Охрид му посакуваме многу среќа во финалето, достоинствен настап и уште еден голем момент за македонскиот спорт“, порачаа од Вардар.

Покрај скопскиот гигант, поддршка за „гладијаторите“ пристигна и од други домашни клубови. Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Куманово преку социјалните мрежи го поздравија успехот на охриѓани, а дел од честитките пристигнале и директно од раководствата на клубовите веднаш по натпреварот.

Охрид до финалето стигна по драматична полуфинална пресметка со словенечки Целје. По поразот од 27-26 на првиот меч, охриѓани возвратија со идентична мера на домашен терен, а според правилата на ЕХФ, патникот во финалето беше решен преку пенали – каде Охрид славеше со 29-27.

Во финалето од ова натпреварување, македонскиот претставник ќе се соочи со унгарскиот тим Татабања, за кој настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако во „Т Арената“ го совлада Скопје со 102:98 во натпревар со...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од Втората лига, поради неисплатени обврски, клубот се суспендира од натпреварување во...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!