Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Тиверија Брера убедлива против Саса, реми на дербито меѓу Истатов и Љуботен

Сподели
Сподели

Убедлива победа од 3:0 забележа екипата на Тиверија Брера која на домашен терен во Струмица славеше над Каменица Саса во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига.

Домаќините на полувреме имаа два гола предност, откако Билјана Панеска во 6. минута го отвори резултатот за водство од 1:0, а во 31. минута Розита Пецева постигна гол за двојна предност на полувреме.

Во вториот дел Панеска со втор гол ги постави конечните 3:0 со што Тиверија Брера се зацврсти на второто место.

Дербито во Пржино меѓу Истатов и Љуботен заврши без победник, но и без погодоци (0:0) со што двете екипи ги поделија бодовите и мораа да се задоволат со по еден бод.

Во Струга исто така немаше победник, беа постигна два гола за делба на бодовите меѓу Ас Јунајтед и Речица откако одиграа 1:1. Домаќинот преку Јована Павловска во 40. минута го отвори резултатот за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Лана Спасовска во 79. минута беше прецизна за конечни 1:1.

 

Вардар преку пресврт го доби Кочани за домашна победа од 4:1. Искусната Катерина Милеска во 14. минута го донесе гостинот во водство од 0:1, но радоста траеше десет минути кога Љубица Асановиќ постигна гол за 1:1. До крајот на првиот дел вардарки успеаја да го свртат резултатот на 2:1 со гол на Мила Наумовска.



Во вториот дел во 65. минута Наумовска со втор гол зголеми на 3:1, а печат на високата победа стави Михаела Марковска која во 79. минута беше прецизна за конечни 4:1.

Претходно како што објави Спортска Мрежа, Скопје славеше убедливо над Топ Гол и стана официјално шампион во ПЖФЛ на четири кола до крајот. Извештајот на Спортска Мрежа од тој меч е достапен овде.

Шампионот Скопје е на врвот со 66 бодови, втор е составот на Тиверија Брера со 51 бод, Истатов е трет со 46 бодови, Љуботен е четврти со 44 бодови. На петтото место е Каменица Саса со 37 бодови, Ас Јунајтед е шести со 35 бодови.

Екипата на Вардар е седма со 19 бодови, Речица е осма со 13 бодови, а трката за опстанок преку бараж ја водат Кочани кој е претпоследен со седум бодови и Топ Гол кој е на дното со четири бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Башкими и Брегалница убедливи за следна фаза, Охрид, Кожуф и Детонит Плачковица елиминирани

Прволигашот Башкими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со високи 0:5 славеше над БВК Коњаре во Петровец. Бурим Алиев...

Ракомет

Томовски блеска на стартот од сезоната: Македонецот е втор голман во Бундес лигата!

Мартин Томовски има одличен почеток на сезоната во Бундес лигата и по првите три кола се наоѓа веднаш зад лидерот според бројот на...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Башкими и Брегалница убедливи за следна фаза, Охрид, Кожуф и Детонит Плачковица елиминирани

Прволигашот Башкими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако...

ИнтернационалциФудбал

Прв ангажман во странство: Стратегот Ѓорѓи Мојсов го презема српски Земун

Македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов има нов тренерски предизвик надвор од македонските граници,...

Прва лигаФудбал

Масар Омерагиќ одржа состанок со претставниците од ПМФЛ, со цел подобрување на фудбалот

Во „Куќата на фудбалот“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ,...

Втора лигаФудбал

Прва тренерска оставка во Втората лига: Иван Варадиновски се повлече од Новаци

Падна првата тренерска оставка во Втората македонска фудбалска лига оваа сезона, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!