Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Преспа ги освои трите бодови во дуелот со Големо Коњари

Сподели
Сподели

Денес беше комплетирано 27. коло со натпреварот меѓу Големо Коњари и Преспа, трите бодови заминаа на контото на тимот од Ресен, откако истиот славеше со минимални 0:1.

Единствен стрелец на натпреварот кој го реши победникот беше Давид Карамачоски кој постигна гол во 56. минута од средбата.

Натпревар кој немаше резултатско значење и се играше за престиж бидејќи и двете екипи веќе се испаднати во Трета лига. Тимот од Ресен сега има 15 бодови и изби на 13. место на табелата, а пак Големо Коњари останува на дното со седум бода.

Во следното коло Преспа ќе биде домаќин на Детонит Плачковица, а пак Големо Коњари ќе гостува кај Охрид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!