КупФудбал

Младост 1976 и Согле за трофејот: Велес ќе добие нов куп-победник

Сподели
Сподели

На 9 мај, Градскиот стадион во Велес ќе биде домаќин на финалето од Купот на ОФС Велес, каде силите ќе ги одмерат екипите на Младост 1976 и Согле. Натпреварот е закажан со почеток од 16 часот и се очекува да донесе возбудлива битка за трофејот.

Младост 1976 до финалето стигна со сигурна игра во полуфиналето, каде славеше на гостувањето кај поранешниот второлигаш Локомотива од Градско со резултат 0:2. Од друга страна, Согле имаше многу потежок пат, откако во ефикасен и неизвесен натпревар успеа да го совлада Врановци со 4:3.

Влогот во финалето е голем, бидејќи победникот ќе обезбеди место во Купот на Македонија. Сепак, пред тоа ќе треба да одигра дополнителен дуел против некоја од велешките екипи од Третата лига, како Борец, Превалец или Башкими од Јаболиште.

Се очекува вистински фудбалски спектакл во Велес, каде двете екипи ќе дадат сè од себе за да го подигнат пехарот и да направат чекор повеќе кон националната сцена.

Минатата сезона Купот на ОФС Велес го освои Горски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!