Втора лигаФудбал

Брегалница ја освои Струмица, Скопје го исфрли во „аут“ Охрид за Прва лига, Шкендија Арачиново убедлива!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели



„Колото кое решава голема судбина“ во Втората лига ги донесе двете дерби пресметки во Струмица и Автокоманда.

Во рамки на денешното 27. коло во Струмица на „Благој Истатов“ во директна пресметка силите ги одмерија Беласица и лидерот Брегалница, каде штипјани беа подобри со минимални 0:1.

По неколку одлични интервенции на домашниот голман Ѓорги Трајков во првиот дел мрежите беа чисти во Струмица, во второто полувреме Брегалница создаваше притисок по голот на противникот, а во 80. минута главниот судија Доне Ристовски покажа на белата точка, Капсаров биеше од белата точка, но голманот Трајков го одбрани тој удар, но одбиената топка успеа некако Дино Михолов да ја втурне во мрежата за 0:1.

Сега Брегалница ќе решава следно коло против Шкендија Арачиново во Штип.

Во Автокоманда на стадионот „Железарница“ се играше уште едно дерби меѓу Скопје и Охрид, во трката за трите бодови подобар беше домаќинот со голот на Мердиан Рамадани во 10. минута за конечни 1:0.

Шкендија Арачиново оваа коло имаше лесна задача и на домашен терен го доби отпишаниот Вардар Неготино со резултат од убедливи 8:2. Двојни стрелци беа Владимир Жоглев и Христијан Димов, а по еден гол постигнаа Ален Јашароски , Дестан Адили, Зани Назифи и Сухејб Рушити.

За гостинската екипа Раде Рајчиновски и Константино Алекс Горгиовски беа стрелци.



На Градскиот стадион во Радовиш се одигра дербито меѓу Детонит Плачковица и Каменица Саса, каде немаше победник и немаше погодоци (0:0), за делба на бодовите.

Во Кочани тимот на Осогово против Кожуф забележа пораз од минимални 0:1, гостинот од Гевгелија триумфираше со голот на Филип Тодороски во 15. минута.

Тетекс во Прилеп славеше триумф над Победа со резултат од 0:3 преку Лука Гавроски, Едис Бајрами и Азис Јамини.

Новаци ја оправда фаворитската улога откако во Виница ја доби Слога со резултат од 0:2, а стрелци беа Стефан Јовановски и Стефан Секирски.

Колото ќе биде затворено утре со мечот меѓу Големо Коњари и Преспа, натпревар кој стартува од 16 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!