Трета лигаФудбал

Лога: Максимално сме подготвени за три бода против Могила, сакаме шампионска титула и влез во Втора лига

Сподели
Сподели

Утре се игра големото дерби во Трета лига – Југозапад меѓу лидерот Влазними и второпласираната Могила, дерби кое ќе решава многу работи за првото место и шампионската пехар вреден бараж за Втора лига.

Капитенот на Влазними, Алтин Лога во изјава за Спортска Мрежа потенцираше дека тие имаат почит кон секој противник, но додава дека се максимално подготвени и верува дека имаат квалитет за да стигнат до нови три бодови и да ја остварат целта да бидат шампион и да играат бараж за Втора лига, со надеж дека следната година ќе бидат дел од второлигашкото друштво.

„Како и секој противник, така и Могила ја почитуваме, но ние одиме на нова победа и да го донесеме пехарот во Струга. Максимално сме подготвени не само за овој натпревар, за би кој меч кој ќе биде пред нас во борбата за влез во Втора лига. Свесни сме за сите препреки што ги имаме, но имаме доволно квалитет во тимот“, вели капитенот на Влазними, Алтин Лога во изјава за Спортска Мрежа.

Натпреварот меѓу Влазними и Могила се игра утре во Струга.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!