Прва женска фудбалска лигаФудбал

Дерби на Тиверија и Саса, Истатов на Пржино го чека Љуботен

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Две дерби пресметки во Првата женска фудбалска лига носи 23. коло, а кои соочувања ќе решаваат за второто место на табелата.

Во Струмица ќе се соочат Тиверија Брера и Каменица Саса, меч каде струмичанки ќе мораат до трите бодови со цел да го сочуваат второто место, додека пак „рударите“ и со три бодови од Струмица нема да може да напредуваат на табелата односно ќе останат петти.

На Пржино ќе се игра дерби меѓу Истатов и Љуботен, борба за трите бодови и за второто место на табелата. Ако Истатов слави, а притоа во Струмица трите бодови ги освои Саса тогаш „истатовки“ ќе се израмнат на второто место, во случај на триумф и на Љуботен ќе значи дека тимот од Тетово ќе биде втор.

Лидерот и нов шампион Скопје ќе има лесна задача против Топ Гол на домашен терен каде прашање е само со колкава разлика ќе триумфира тимот од Пржино.

Ас Јунајтед како фаворит во Струга ќе го пречека тимот на Речица, додека пак Вардар и Кочани ќе одиграат еден неизвесен меч каде скопскиот тим е фаворит, а гостинот ќе бара бодови за да го обезбеди баражот и преку истиот да бара опстанок во Првата лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!