Прва лигаФудбал

Дарко Ангелески: Фокусот е на Купот, но бодови сакаме и во првенството

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Третото место веќе е недостижно за Силекс, па кратовскиот тим речиси сигурно сезоната ќе ја заврши на четвртата позиција во ПМФЛ. Поради тоа, целото внимание на избраниците на Александар Васоски е насочено кон Купот на Македонија.

Во ваква ситуација, Силекс без резултатски притисок ќе влезе во дуелот со Шкендија, со намера да и го отежне патот. Иако натпреварот нема значајно влијание врз нивниот пласман, од таборот на кратовци најавуваат максимална борба до крајот на сезоната, со цел да освојат што повеќе бодови и да се обидат да приредат изненадување.

„Не очекува еден добар натпревар против квалитетен противник како што е Шкендија. Иако шансите за тоа трето место се минимални, ние на секој натпревар ќе играме како до сега, и ќе одиме на победа. Секако дека фокусот ни е во Купот, но и во првенството сакаме да освоиме што повеќе бодови. Шкендија е во трка за титулата, но нас тоа не ни значи ништо. Гледаме само за нас, и на секој натпревар до крајот, без разлика на противникот, ќе се надигруваме и ќе се обидеме да освоиме што повеќе бодови“, изјави капитенот на Силекс, Дарко Ангелески.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!