Останато

Македонските таеквон-до натпреварувачи со борбени настапи на Европското првенство во Крит

Сподели
Сподели



Македонската репрезентација во традиционално таеквон-до имаше низа настапи во третиот и четвртиот натпреварувачки ден на Европското првенство кое се одржува во Крит, Грција, при што нашите спортисти достојно ја претставија државата на силната меѓународна сцена.

Христијана Парулеска настапи во категоријата борби за јуниорки (16–17 години, -58 кг), каде се соочи со натпреварувачки од Украина, Грција и Русија, но не успеа да стигне до пласман во борбата за медал.

Во машка конкуренција кај јуниорите (16–17 години, -57 кг), Климент Богоески, како дебитант на Европско првенство, прикажа одлични борби. Тој оствари значајна победа против претставникот на Шпанија, додека во дуелите со Белорусија и Бугарија беше поразен со минимална бодовна разлика.

Теодора Митреска, исто така дебитант, се натпреваруваше во категоријата сениори (18–34 години, -67 кг) против ривалки од Бугарија, Русија и Украина. И покрај квалитетните изданија, не успеа да обезбеди место во борбата за медал.

Кај сениорите (-78 кг), Владимир Димитриевиќ имаше сериозни предизвици против противници од Бугарија, Русија и Германија. Иако настапи на високо ниво, не успеа да го повтори успехот од претходното Европско првенство во Естонија и да стигне до медал.

Добар настап имаше Давид Крстески (-64 кг), кој забележа две победи против натпреварувачи од Бугарија и Велс, но беше запрен во четвртфиналето од претставникот на Русија.

Божидар Димитриевиќ (+92 кг) го започна својот настап со дуел против претставникот на Естонија, но поради повреда здобиена во втората рунда, по лекарски преглед не му беше дозволено да продолжи со натпреварувањето против ривалите од Русија и Бугарија.



Иако македонската репрезентација овојпат остана без освоен медал, настапите на нашите натпреварувачи донесоа важни искуства и потврдија силен борбен дух, дисциплина и посветеност.

Од Македонската традиционална таеквон-до федерација истакнуваат дека продолжуваат со посветена работа и развој, со цел постигнување уште подобри резултати на идните меѓународни, европски и светски натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!