Втора женска фудбалска лигаФудбал

Прекината Втората женска фудбалска лига, ЖФК Порече дисквалификуван, утврдена конечна табела

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели



Комисијата за женски фудбал при ФФМ донесе одлука со која се замрзнува табелата во Втората женска фудбалска лига за сезоната 2025/26, по што првенството и официјално нема да продолжи, а е утврдена и конечна табела заклучно со одиграното 10-то коло.

Одлуката е донесена на седница одржана на 24.04.2026 година, врз основа на член 30, 31, 31а и 32 од Пропозициите за натпреварување во Втора ЖФЛ, како и член 104 и член 25 од Правилникот за натпреварување на ФФМ.

Клучна причина за ваквата одлука е дисквалификацијата на ЖФК Порече 2015 од Македонски Брод, со што бројот на активни екипи во лигата се намалил од шест на пет. Со тоа, како што е наведено, не е исполнет минималниот услов од најмалку шест клубови за продолжување на регуларно натпреварување, согласно правилникот на ФФМ.

Во образложението се наведува дека до моментот на прекин се одиграни повеќе од 50%, а помалку од 75% од предвидените натпревари, поради што се исполнети условите за утврдување на конечна табела и доделување на пласман во повисок ранг.

Комисијата утврди дека лигата започнала со шест клубови, но по исклучувањето на ЖФК Порече 2015, натпреварувањето повеќе не ги исполнува пропишаните услови за продолжување, поради што е донесена одлука за негово завршување.



  • ОФИЦИЈАЛНА ТАБЕЛА ВО ВТОРАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК КОНЗУЛИ ЈУНАЈТЕД 10 10 0 0 76 2 +74 30
2 ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 10 7 1 2 55 14 +41 22
3 ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 10 5 1 4 29 23 +6 16
4 ФК Слободен/ЖФК 10 3 0 7 16 60 -44 9
5 ЖФК БОРЕЦ 10 2 1 7 12 55 -43 7
6 ЖФК ПЛАЧКОВИЦА 10 1 1 8 6 40 -34 4



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!