Трета лигаФудбал

Важен бод за Кадино, Куманово ремизираше со Лопати, Аеродром до три бода

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Минимална, но голема победа за некогашниот второлигаш Кадино, кој денес на домашен терен славеше минимална победа од 1:0 над Фортуна, благодарение на голот на Кристијан Ивановски постигна во 70. минута од мечот.

Овие три бодови за тимот се многу важни во битката за опстанок во третолигашкото друштво на Северот.

Студеничани забележа гостинска победа од 1:3 над Отља, откако за гостинот стрелаа Хамит АБази за 0:1 на полувреме и Неџати Шабани и Риад Кадри за 0:3, а потоа Лабинот Куртиши погоди за ублажување на поразот на 1:3.

Башкими Љуботен дојде до многу важна победа откако со 4:3 ја доби голеадата со Пчиња на домашен терен. Нусрет Курти стигна до хет-трик и беше најзаслужен за трите бодови, а еден гол беше дело на Абад Рамадани, за гостинот стрелаа Николче Стојановски и Александар Спасовски во првито дел и Далибор Тодоровски во вториот дел.

Лопати и Куманово одигра 1:1 со што гостинскиот тим не ја оправда фаворитската улога која ја имаше на хартија, ремизирајќи за бод. По чистите мрежи во првиот дел Никола Стевчевски постигна гол во 53. минута за 0:1, а десет минути подоцна Зијадин Ајдини погоди за 1:1.

Трите бодови останаа во Ново Лисиче откако Аеродром со 2:1 го доби тимот на Беса од Слупчане. До победата домаќинот стигна откако Мартин Атанасовски погоди во 14. минута за отварање на резултатот, а четири минути подоцна Христијан Коцев погоди за 2:0. Во финишот од мечот поточно во 86. минута Шуајб Бајрами постигна гол за конечни 2:1 и ублажување на поразот.

БВК Коњаре ја запре победничката форма на Беса Сарај, откако гостинот загуби со 2:1, со што тимот од Сарај по седум победи во низа загуби.



Резултатот беше отворен во судиското надополнување на првиот дел односно 45+8. минута кога Онур Емини погоди за 1:0. Во вториот дел домашниот тим преку Гезим Бакиевски постигна гол за 2:0. Гостинот се обидуваше да се спаси од пораз, но имаше време само за ублажување на поразот откако Амар Демири во 88. минута погоди за конечни 2:1.

Треба да се истакна дека гостинот од 43. минута беше со играч помалку кога Фуркан Саити поради два жолти картони го напушти мечот, а домаќинот во 90. минута остана без Гезим Бакиевски кој заврши мечот по доделување на вториот жолт картон.

„По завршување на натпреварот имаше несогласувања помеѓу двете управи, каде благодарение на припадниците на МВР беше реагирано навреме и не дојде до поголем инцидент“, се наведува во записникот од мечот.

Како што објави Спортска Мрежа, вчера Еуромилк ГЛ со 0:3 го доби Ржаничино.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!