Втора лигаФудбал

ФОТО: Започнаа активности за целосно освежување на клупските простории и апартмани на Градскиот стадион во Штип

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели



Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип паралелно работи и надвор од теренот и на него, со јасна цел – враќање во елитата. Вчера започнаа активности за целосно освежување на клупските простории и апартмани на Градскиот стадион во Штип.

Во рамки на оваа акција се спроведува темелна дезинфекција, дератизација, генерално чистење и обелување на целиот објект. Опфатени се сите клупски простории, како и апартманите кои се во сопственост на клубот, со што Брегалница создава подобри услови за работа и престој на фудбалерите и стручниот штаб.

Овие активности доаѓаат во период кога тимот бележи одлични резултати на теренот. На пет кола до крајот на сезоната во Втората лига, Брегалница се наоѓа на првото место на табелата со 58 освоени бодови, два повеќе од директните конкуренти Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново.

ФОТО: ФК Брегалница

Со ваква позиција и форма, штипскиот состав е на добар пат кон директен пласман во Првата лига, што би било круна на одличната сезона. Комбинацијата од стабилни резултати и подобрување на инфраструктурата покажува дека Брегалница сериозно ја гради својата иднина – како на теренот, така и надвор од него.

ФОТО: ФК Брегалница



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!