Втора лигаФудбал

Во сабота уште една екипа официјално испаѓа во Трета лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели



На пет кола до крајот четири екипи веќе испаднаа од Втора во Трета лига, а веќе следното коло ќе испадне официјално уште еден тим.

Големо Коњари прв испадна во Трета лига – Југ, на пет кола до крајот тимот е на дното со седум бодови, потоа испаднаа екипите на Победа која оди во Трета лига – Југ, Слога Виница која експресно се враќа во Трета лига – Исток, а пак тимот на Преспа, исто така експресно испаѓа во Трета лига – Југозапад.

Петтиот тим кој ќе испадне во Трета лига – Југ ќе биде Вардар Неготино, по три сезони Неготино ќе остане без второлигашки фудбал, се враќа третолигашкиот фудбал на „Цвај арената“.

Во игра остануваат уште 15 бодови, Вардар Неготино има десет бодови негатива од баражот, а в сабота на домашен терен ќе игра против Беласица, доколку загуби, а Каменица Саса ја оправда фаворитската улога против Големо Коњари, тоа ќе значи дека тимот од Неготино веќе в сабота и математички ќе испадне во Трета лига – Југ.

Ако се случи Вардар Неготино да има позитивен резултат, а Каменица Саса негативен, испаѓањето на тимот од Неготино ќе се одложи за една недела.



Сподели
Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!