Првата женска одбојкарска лига во сезоната 2025/2026 ќе добие нов шампион, откако ОК Наковски Волеј го елиминираше бранителот на титулата Јанта Волеј и обезбеди пласман во големото финале на плејофот.
Тимот предводен од Хари Наковски ја потврди доминацијата во полуфиналната серија со уште една сигурна победа. По триумфот од 3:1 во Струмица, одбојкарките на Наковски Волеј славеа и на реваншот во Скопје со максимални 0:3 во сетови (19:25, 24:26, 23:25), со што комплетно го елиминираа актуелниот шампион.
Иако резултатот е убедлив, натпреварот донесе голема борба на теренот. Особено неизвесни беа вториот и третиот сет, во кои се играше поен за поен, но гостинките покажаа поголема смиреност и концентрација во клучните моменти, што се покажа како пресудно за конечниот исход.
Со овој успех, ОК Наковски Волеј ќе игра за првата шампионска титула во својата клупска историја. Во финалната серија, која се игра во формат „подобар во пет“, нивен противник ќе биде екипата на Работнички Скопје.
Екипата на Работнички Скопје со максимални 3:0 во сетови го доби штипски Младост УГД. Првиот сет беше со резултат од 25:16, потоа 25:19, а во третиот сет скопскиот тим беше подобар со 25:21.
Битката за титулата започнува на 27 април во Струмица, каде Наковски Волеј ќе се обиде да направи уште еден историски чекор и да ја круниса одличната сезона.
Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книгата „Прирачник за родители на надарените и талентираните“, од академик, проф....
Меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup ќе има силна конкуренција, откако ФК Олти од Пеќ, Косово го потврди учеството. Се работи за фудбалска...
Несекојдневен успех на првото Државно првенство на Македонија во забрзан шах за...
Младата охридска пливачка Девран Куртис, која има само 12 години, оствари одлични...
Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција...
Поранешниот шампион на Македонија, Струмица, забележа убедлива победа од 3:0 во сетови...