Останато

Медали за струшките џудисти во Романија – злато, две сребра и бронза за одличен настап

Сподели
ФОТО: Џудо клуб Дрим
Сподели

Струшките џудисти имаа забележителен настап на меѓународниот турнир одржан во романскиот град Дробета Турно Северин, каде учествуваа повеќе од 300 натпреварувачи од неколку земји.

Младите спортисти на џудо клубот Дрим уште еднаш потврдија дека со напорна работа, дисциплина и силна верба можат да се постигнат значајни резултати, претставувајќи ја Струга и Македонија во најдобро светло.

До златен медал во категоријата до 66 килограми стигна Енил Ајдиноски, кој со сигурни борби се искачи на највисокото место на пиедесталот. Сребрени одличја освоија Даријан Ночески (-38 кг) и Софија Ноческа (-44 кг), додека Ненад Костоски се закити со бронза во категоријата до 38 килограми.

Солидни настапи имаа и Мила Стојмиловска, Славјан Чаторошкоски и Божидар Јуловски, кои прикажаа квалитетни борби, но овојпат останаа без медал.

Овој успех е уште една потврда за континуираниот развој на џудото клубот Дрим и доказ дека градот има сериозен потенцијал и светла спортска иднина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!