Останато

Фламинго Волеј испиша историја со перфектна сезона и обезбеди пласман во Прва лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Екипата на Фламинго Волеј викендов и официјално ја завери шампионската титула во Втората лига жени, по комплетирањето на последното, 26. коло од сезоната 2025/2026.

Одбојкарките на Фламинго Волеј ставија печат на перфектната сезона со убедлива победа над Виола Волеј, запишувајќи ја 24. победа во исто толку натпревари. Со максимален учинок, тие заслужено стигнаа до шампионскиот пехар и пласман во Првата лига.

Второто место на табелата го освои Вардар жени, кој ќе добие шанса за промоција преку бараж дуел со претпоследниот тим од Првата лига – Фит Фан Волеј.

Во текот на сезоната, покрај Вардар жени, сериозен конкурент за врвот беше и Форца Волеј ЕМА, а двете екипи со своите настапи целосно ги оправдаа високите позиции на табелата.

Сепак, тимот предводен од тренерот Мартин Јовановски доминираше од почеток до крај, демонстрирајќи стабилност и квалитет, без вистинска конкуренција. Фламинго Волеј сосема заслужено ќе се натпреварува во елитното одбојкарско друштво следната сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!