По тешкиот пораз во Кратово каде Брера загуби со 4:0 од Силекс, прволигашот од Струмица информираше дека Мартин Алаѓозовски повеќе не е тренер на клубот.
Од клубот се заблагодарија за досегашниот ангажман на Алаѓозовски.
„ФК Брера Струмица ја информира јавноста дека Мартин Алаѓозовски повеќе не е дел од нашиот клуб. Во еден од најтешките периоди за Брера, кога беше најпотребно единство, карактер и посветеност Мартин беше тука. Со својата работа, однос и професионализам даде огромен придонес и остави длабока трага во тимот. Неговата посветеност, енергија и верба во клубот нема да бидат заборавени. ФК Брера Струмица му изразува голема благодарност и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Мартин, ти благодариме ќе останеш дел од оваа приказна“, се вели во соопштението на клубот.
Брера сега ќе треба да бара нов тренер, кој ќе биде наследник на Алаѓозовски, но новиот тренер ќе го очекува тешка работа бидејќи ќе треба да обезбеди опстанок во Прва лига на пет кола до крајот.