Фудбал

Започна уредувањето на фудбалското игралиште во Злетово: Следува комплетна обнова на инфраструктурата

Сподели
Сподели



Започнаа активностите за расчистување на просторот околу фудбалското игралиште во Злетово, со што практично се отвора процесот за негова целосна реконструкција и унапредување на условите за спорт.

По првичната фаза на расчистување, предвидено е игралиштето да биде соодветно оградено, по што ќе следуваат активности за обнова на самиот терен.

Во план е и изградба на нов систем за наводнување, како и подготовка за реконструкција на соблекувалните, со цел да се создадат подобри услови за спортистите.

„Најпрвин, по расчистувањето, игралиштето ќе биде соодветно оградено, а потоа ќе се работи на обнова на теренот, изградба на нов систем за наводнување, како и на подготовки за реконструкција на соблекувалните“, истакна градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски.

Со овие активности, локалната самоуправа има за цел да го врати спортскиот живот во Злетово на повисоко ниво и да обезбеди подобри услови за развој на фудбалот во овој регион.



Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гоце Седлоски повеќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија испрати порака на почит и благодарност до Гоце Седлоски, по разделбата со селекторот, нагласувајќи дека резултатите не можат да...

КупФудбал

КУП: Арсими е последниот патник во четвртфиналето откако преку пресврт ја доби Брера во Струмица

Прволигашот Арсими е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако во осминафиналето славеше над второлигашот Брера во Струмица преку пресврт со...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Арсими е последниот патник во четвртфиналето откако преку пресврт ја доби Брера во Струмица

Прволигашот Арсими е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив во Кавадарци, три бода за Јувентус Серава, Шкупи ја доби голеадата со СЕЕ Университи

Јувентус Серава стигна до триумф над Железарец на гостински терен добивајќи го...

КупФудбал

КУП: Ангелчо Ристов ќе им суди на Брера Струмица и Арсими

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на денешниот меч меѓу Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!