Трета лигаФудбал

Ангелчо Ристов ќе го суди дербито Превалец – Борец, Атанас Таневски главен во Крушево

Сподели
Сподели



Утрешното 22. коло на Трета лига – Југ го носи големото дерби кое ќе го решава шампионот, Превалец на домашен терен против лидерот Борец.

Дуелот на второпласираниот и третопласираниот тим, само три бодови е разликата, а на првото соочување во Велес некогашниот прволигаш Борец беше минимално подобар со 1:0.

Правдата на дербито меѓу Превалец и Борец ќе ја дели Ангелчо Ристов, а ќе му помагаат Ване Данилов и Ване Дупкаров.

Башкими Јаболчиште на домашен терен ќе се соочи со Ултрас, а правдата ќе ја дели Душко Панов, а негови асистенти ќе бидат Тони Гурев и Александар Трајков.

Во Крушево ќе се одигра меѓу Питу Гули и Тополка, а правдата на „Гумења“ ќе ја дели Атанас Таневски, а Лазар Стоев и Блаже Давчев.

Во Кривогаштани се игра натпреварот меѓу Младост и Росоман, за правдата ќе биде задолжен Душко Стојсавлевиќ, а покрај аут линиите ќе бидат Димитар Здравески и Филип Боцески.

На центарот во Мало Коњари ќе биде Дарко Макалоски, кој ќе им суди на Млекар и Бучин, а помошници ќе бидат Михаил Јакопетревски и Христијан Трајкоски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена Звезда до 2031 година. 20-годишниот фудбалер со своите настапи и напредокот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите за Европското првенство. Македонската селекција ќе настапи во четвртата група од...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!