Ракомет

ЕХФ пресече: Двегодишна суспензија и казна за Начевски и Николов

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе конечна одлука во случајот со македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, изрекувајќи им двегодишна суспензија поради сериозно прекршување на правилата.

Станува збор за случај поврзан со манипулација на видео-снимки од фитнес тестовите пред почетокот на Европското првенство, по што двајцата арбитри беа отстранети од списокот на судии за шампионатот. По спроведената анализа, ЕХФ утврди неправилности и донесе санкции кои подразбираат целосна забрана за учество во активности под нејзина надлежност во наредните две години.

Покрај суспензијата, Начевски и Николов ќе треба да платат и парична казна од по 5.000 евра. Двајцата имаат право на жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена.

„Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот отворен против македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Пред машкото Европско првенство 2026, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Северна Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео-снимки од таканаречениот „Тест за кондиција во повеќе фази“.

Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, „Спортрадар“, Ракометниот суд заклучи дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции.

Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување.

Секој судија мора да плати казна од 5000 евра за фундаментални прекршувања на Кодексот на однесување на ЕХФ.

Жалба на оваа одлука може да се поднесе до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена“, се вели во соопштението на ЕХФ.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!