Ракомет

Пилиповиќ пред Пелистер: „Полуфинале против тим од ЛШ е голем предизвик“

Сподели
Сподели

Овој викенд во Струмица ќе се одржи завршниот турнир од Купот на Македонија, каде четирите најдобри екипи ќе се борат за трофејот. Во првото полуфинале ќе се сретнат ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер, додека во второто Вардар ќе игра против Алкалоид.

Пред големиот предизвик, ракометарите на ГРК Охрид најавуваат максимална борбеност и мотив за историски успех.

ФОТО: ГРК Охрид

Голманот на охриѓани, Кристијан Пилиповиќ истакнува дека тимот со голем ентузијазам влегува во завршниот турнир, нагласувајќи дека ова е прва реална шанса за освојување трофеј, но и дека ривалот носи сериозен квалитет, што го прави полуфиналето дополнително тешко и предизвикувачко. Тој додава дека Охрид ќе се обиде да го искористи секој момент и да остане конкурентен до самиот крај.

„Се радуваме на овој турнир, ова е наша прва прилика за освојување трофеј. Ривалите ни се на врвно ниво, а полуфинале против екипа од Лигата на Шампиони претставува голем предизвик. Ќе дадеме сè од себе да создадеме шанса за да продолжиме понатаму и да ја искористиме“, изјави Пилиповиќ.

ФОТО: ГРК Охрид

Полуфиналето меѓу ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во петок (17.04.2026) во салата „Парк“ во Струмица, со почеток од 17:00 часот.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Моќно издание на „гладијаторите“ на Ројевиќ: Охрид го декласираше Спор Тото за следна фаза во Европскиот куп

Охрид со ново моќно издание против турскиот Спор Тото откако славеше со 22:38 на реваншот и со тоа патува во третото коло од...

Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива Паланка, но воведниот меч не понуди ниту победник, ниту голови. Академија...

Поврзани написи
Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа,...

Ракомет

Пионерите на Младост 1977 од Богданци доминираат во лигата: Пет натпревари, пет победи!

Пионерскиот тим на РК Младост 1977 од Богданци игра одлично во Пионерската...

Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!