Ракомет

Карапалевски нов ,,мотор” на Охрид: Потпиша до 2028 година!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во ростерот е македонскиот повремен репрезентативец Мартин Карапалевски, кој потпиша договор со клубот најмалку до 2028 година.

26-годишниот ракометар, кој настапува на позицијата среден бек, ќе го носи дресот со број 11 и се очекува да има значајна улога во амбициите на охридскиот тим.

Карапалевски зад себе има богато искуство, а во Охрид доаѓа од шпанското првенство, каде во изминатите две сезони настапуваше за Ваљадолид и прикажуваше одлични партии.

Пред интернационалниот предизвик, тој беше дел и од редовите на РК Вардар 1961, каде стекна драгоцено искуство на највисоко ниво.

Со висина од 178 сантиметри, Карапалевски е играч кој се одликува со брзина, преглед на игра и креативност на позицијата организатор, што треба да донесе дополнителен квалитет во играта на ГРК Охрид.

„Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот.“ – изјави Карапалевски.

Со ова засилување, Охрид јасно покажува дека има сериозни амбиции за наредната сезона и дека ќе биде конкурентен на домашната сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Пионерите на Младост 1977 од Богданци доминираат во лигата: Пет натпревари, пет победи!

Пионерскиот тим на РК Младост 1977 од Богданци игра одлично во Пионерската ракометна лига. По пет одиграни кола, младите ракометари имаат максимален ефект...

Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката за врвот, но и неколку изненадувања. Охрид го доби дербито со...

Поврзани написи
Ракомет

Пионерите на Младост 1977 од Богданци доминираат во лигата: Пет натпревари, пет победи!

Пионерскиот тим на РК Младост 1977 од Богданци игра одлично во Пионерската...

Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!