Прва лигаФудбал

Пелистер посакува прва победа против Арсими

Сподели
Сподели

Претпоследниот натпревар од 27. коло на ПМФЛ се игра во Гостивар, каде што со почеток во 13 часот ќе истрчаат фудбалерите на Арсими и Пелистер.

Првите две среќавања на овие два тима донесоа вкупно 10 погодоци: во првиот случај Арсими славеше како гостин со 0:4, а во вториот се играше нерешено, 3:3, но и двата мече беа пред зимската пауза.

На последните мечеви, Пелистер славеше над Шкендија, а играше нерешено со Вардар, додека Арсими во последните четири кола исто така играше со двата водечки тима и загуби од Шкендија со 1:0, а го победи Вардар со идентичен резултат. Домашните имаат и победа над Македонија ЃП, поради што веќе најавија дека сакаат да ја задржат позитивната серија.

Слична желба има и голманот на ФК Пелистер, Андреј Јовчевски, кој на последните натпревари одлично ја чуваше мрежата, што беше основа за добрите резултати со Шкендија и Вардар.

“Овој натпревар е важен и за нас, бидејќи и ние сакаме да ја продолжиме серијата на позитивни резултати. Нашата позиција на табелата укажува дека ни е потребен секој бод, па затоа мора да го дадеме максимумот и да ги извршиме задачите кои ни се зададени”, изјави младиот чувар на мрежата.

Тренерот на битолчани, Марјан Секуловски, потсетува дека Арсими е екипа за респект и дека битолчани не се фаворити.

”Во ниту еден случај не би се согласил дека Пелистер оди во Гостивар како фаворит. Прво, ние го респектираме Арсими кој има ростер на искусни фудбалери кои играле во повеќе клубови од ПМФЛ како Ренова, Шкупи и други, а исто така и неколку странски играчи кои го подигнуваат квалитетот на тимот. Од друга страна не ги потценувам ни моите фудбалери, па би рекол дека распоредот на силите можеби е 50:50, како во многу други натпревари кои исто така започнале со 0:0 и со по 11 играчи на двете страни. Очекувам тврд и борбен натпревар, а за победникот веројатно ќе пресудат детали. Ние во секој натпревар се обидуваме да ги неутрализираме опасните страни на противникот, како и да ги искористиме сопствените шанси што ќе се укажат”, рече Секуловски, за кого ова ќе биде трет натпревар на клупата на битолскиот клуб.

Претходно, Пелистер нема освоени три бода во Гостивар, освен кога двете екипи играле како членови на Втората македонска фудбалска лига.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој Тримо Требње и Војводина стигнаа до значајни победи. Словенечкиот состав Тримо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки,...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!