Останато

Ѓорческа поразена во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Мадрид (награден фонд 100.000 евра) откако во четвртфиналето загуби од Лиса Пигато од Италија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2) за 84 минути игра. Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе добие 3.000 евра и 27 поени со кои ќе напредува на ВТА ранг-листата.

Македонската тенисерка мечот го започна одлично и поведе со 4:0 во гемови, но потоа дојде до пресврт во мечот и Пигато ја презеде контролата над играта и резултатот и сетот го доби со 6:4 во гемови. Во вториот сет Италијанката поведе со 4:1 во гемови, а со вториот брејк во сетот го доби со 6:2 во гемови.

Ѓорческа следната недела ја очекува настап на ИТФ турнир во Порторож.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Министерот Борко Ристовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Војдан Стојановски испиша историја – првиот македонски кошаркар со 100 настапи во националниот дрес!

Војдан Стојановски стана првиот кошаркар во историјата на Македонија со 100 настапи во националниот дрес, но големиот момент го засени поразот од Кипар...

Поврзани написи
Останато

Министерот Борко Ристовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу...

Останато

(ФОТО) Шаховска сензација во Македонска Каменица: Четири деца од семејството Бурнс станаа државни шампиони!

Несекојдневен успех на првото Државно првенство на Македонија во забрзан шах за...

Останато

Дванаесетгодишната Девран Куртис од Охрид блесна на Зимското национално првенство – две злата и пет бронзи во Куманово!

Младата охридска пливачка Девран Куртис, која има само 12 години, оствари одлични...

Останато

Делчево ќе добие современа спортска сала – Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!