Кошарка

Ѓуроски херој на Куманово – драматична победа над Гостивар во последните секунди

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

МКК Куманово со многу мака стигна до важни бодови во Плеј-аут фазата, откако на домашен терен го совлада Гостивар со минимални 75:73 во натпревар со неизвесна завршница.

Иако „сино-белите“ имаа контрола во поголемиот дел од средбата и по три четвртини водеа со убедливи 60:50, гостите од Гостивар не се предадоа. Напротив, во последниот период успеаја да ја стопат разликата, па дури и да се вратат целосно во игра и да внесат неизвесност во финишот.

Драмата кулминираше во последните моменти. По загубена топка на Стевановиќ, Димитриевски израмни на 73:73, но во клучниот напад, на само девет секунди до крајот, Стојан Ѓуроски презеде одговорност и погоди за водство од 75:73.

Гостивар имаше последен напад за пресврт, но Столески не успеа да реализира за три поени и да донесе сензација во Куманово, па бодовите останаа кај домаќинот.

Најефикасен кај победникот беше Луковиќ со 27 поени и 14 скока, додека Стевановиќ придонесе со 13 поени, осум асистенции и пет скока. Кај Гостивар, Димитриевски запиша 16 поени и девет скока, Младеновиќ додаде 15 поени и шест асистенции, а Црниќ и Грегори постигнаа 11, односно 10 поени.



Со овој триумф, Куманово дојде до скор 11-12 и направи важен чекор во битката за опстанок, додека Гостивар останува на 6-17 и со се помали шанси да се извлече од незавидната позиција.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека младиот каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе историскиот успех...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) на 18 октомври 2026 година изврши подновување на маркацијата на потегот...

Поврзани написи
Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!