Останато

Македонија поразена од Мароко во БЏК купот

Сподели
ФОТО: Милош Руњиќ
Сподели

Македонската женска тениска репрезентација претрпе пораз и во четвртиот дуел од групата Б од Втората Евро-африканска зона на Били Џин Кинг купот што се игра во Бања Лука. Нашиот тим загуби од Мароко со 3:0.

Повторно највозбудлив беше мечот на прворангираните тенисерки во кои играа Сара Митевска и Јасмине Кабај. По 130 минути тенисерка од Мароко славеше со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6 во тајбрејкот 10:8 на поени). Во вториот сет Сара Митевска во тајбрејкот имаше и две сет топки, но не успеа да ги реализира.

Инаку, Мароко поведе со во мечот откако Ана Митевска загуби од Диае Ел Жарди со 2:0 во сетови (6:2 и 6:1), додека во мечот во двојки Јана Божиновска и Зара Зафировска беа совладани со 2:0 во сетови од Салма Лудили и Чита Себер.

Со денешниот пораз Македонија го освои последното место во групата што значи и испаѓање од оваа зона и следната година нашиот тим ќе игра во Третата Европска зона. Утре преостанува да се одигра и мечот за пласман.

Во вториот дуел од групата Бугарија го совлада Египет со 3:0.



Првото место во групата го освои Бугарија со 4-0 (победи-порази), пред Јужна Африка 3-1, Мароко 2-2, Египет 1-3 и Македонија 0-4.

Бугарија и Јужна Африка утре ќе играат за пласман во Првата зона, а противниците ќе бидат познати по завршувањето на мечевите од групата А: Грција – Финска и БиХ – Кипар.

Во оваа група Грција е прва со четири победи.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека младиот каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе историскиот успех...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) на 18 октомври 2026 година изврши подновување на маркацијата на потегот...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!