Трета лигаФудбал

Димитар Пилешков ќе го суди дербито меѓу Ударник и Овче Поле, Блаже Јанев главен во Делчево

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре се играат мечевите од 16. коло на Трета лига – Исток, а познати се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата.

Дербито на колото се игра во Пирава каде силите ќе ги одмерат Ударник и Овче Поле, а Димитар Пилешков ќе биде задолжен да ја дели правдата на овој натпревар.

Негови помошници ќе бидат Ристе Бојчев и Цане Давитков. Делегат ќе биде Наум Мицев, а контролор ќе биде Тони Манчев.

Блаже Јанев ќе биде главен арбитар во Делчево каде ќе се соочат Брегалница и Дојранско Езеро, а пак помошници ќе бидат Александар Митев и Дејан Ангелов. Драги Јанушев ќе биде делегат, а контролор е Златко Зафиров.

Карбинци пред својата публика ќе го пречека Хоризонт Турново, задолжен за правдата ќе биде Јордан Јовановски со Иван Танев и Живко Прочков како асистенти.



Делегат на средбата ќе биде Ѓорѓи Николов, а контролор ќе биде Алекса Горбашлиев.

Во Струмица се игра натпреварот меѓу Тиверија и Малеш од Берово. Тоше Џамов е главен судија на оваа средба, помошници ќе бидат Даниел Ангелов и Игорче Богатинов.

Делегат на средбата е Кристијан Димитријев, а контролор е Драган Јаневски.

Во рамки на оваа коло слободна е екипата на Победа Валандово.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!