Останато

Николов и Нефелс „запрени“ во куп-финалето

Сподели
Сподели

Македонскиот интернационалец и поранешен репрезентативец Ристо Николов имаше голема желба последната сезона како играч да ја заокружи со двојна титула со неговиот Нефелс во Швајцарија, но нема да успее во тоа. Во финалето од Купот на Швајцарија, Нефелс со 3:1 (25:17, 21:25, 25:18, 25:20) загуби од Амрисвил. Противникот успеја да ја одбрани титулата и да го задржи во посед куп-пехарот втора година во низа или вкупно, јубилеен десетти во клупската историја.

Николов кој ја носи и капитенската лента на Нефелс го одигра целиот натпревар, но имаше скромна реализација од три поени (два напад и еден блок).

Екипата на средниот блокер ќе мора експресно да се рехабилитира затоа што веќе на 4 април против Амрисвил се соочува во финалето на плејофот и борбата за шампионската титула во швајцарскиот шампионат.

ПОЛУФИНАЛЕ НА ПЛЕЈОФ ЗА ЃОРГИЕВ И КАРЛОВАРСКО

Капитенот на националниот тим Никола Ѓоргиев и Карловарско ќе играат во полуфиналето на плејофот во Чешка. Коректорот и неговите соиграчи во четвртфиналната серија со 3-0 во победи го елиминираа Прибрам. Во последниот меч Карловарско се радуваше со 3:0 (25:15, 25:18, 25:14). Ѓоргиев го одигра целиот натпревар и постигна девет поени, сите од напад. Ѓоргиев и Карловарско го чекаат ривалот во полуфиналето, а серијата е најавено дека ќе стартува на 3 април.



ЉАФТОВ ЌЕ ИГРА ПОЛУФИНАЛЕ, ГО ЧЕКА И МИЛЕВ

Репрезентативецот Александар Љафтов и Елоре го потврдија пласманот во полуфиналето на плејофот во унгарското првенство, откако со две максимални победи ја затворија серијата со ТФСЕ. Љафтов одмораше на првиот меч, додека на вториот постигна седум поени. Елоре во полуфиналето ќе се соочи со ПСЕ.

Вториот македонски интернационалец Владо Милев и Казинбарчика со 3:1 на домашен терен го добија дуелот со МАФС, додека попладнево играат на гостински терен и се очекува да го потврдат местото во полуфиналето. На првиот меч Милев беше меѓу најдобрите во редовите на својот тим со 12 поени.

ЈОСИФОВ ЌЕ СЕ „БОРИ“ ЗА ТРЕТО МЕСТО ВО АВСТРИЈА

Новиот македонски стратег на интернационалната сцена Ѓоко Јосифов и Валдфиртел се елиминирани во полуфиналето на плејофот во Австрија. Во серијата „подобар во пет“ Валдфиртел загуби со 3-0 од Хартберг (3:1, 3:2 и 3:0). Противникот кој им застана на патот кон куп финалето, сега ги запре и во првенството, па Јосифов и неговите одбојкари ќе мора да бараат утеха во битката за третото место во првенството, каде се уште го чекаат противникот.



Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!