РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Влатко Колев: И покрај тешките противници ќе се обидеме да направиме изненадување

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе учествува во елитните квалификации за пласман на Европското првенство. По одличните настапи во претходната фаза, тимот предводен од селекторот Влатко Колев се подготвува за нови, големи предизвици.

На турнирот што ќе се одржи во Словенија, нашите репрезентативци ќе се соочат со силни противници. Покрај мечот со домаќинот, селекцијата ќе се сретне и со репрезентациите на Германија и Франција.

“Самиот пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, оваа генерација постигна голем успех. И покрај фактот што имаме исклучително тешки противници ќе се обидеме да направиме изненадување и нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови. На турнирот ќе се соочиме со великаните на европскиот фудбал Германија и Франција, а тука е и домаќинот Словенија. Верувам дека фудбалерите кои ќе настапат на овој турнир ќе одиграат на највисоко ниво и дека ќе бидеме рамноправни во дуелите со фаворизираните противници. Момците се максимално подготвени за следните предизвици и дека претстојните три натпревари ќе бидат уште едно големо искуство за оваа талентирана генерација”, изјави Колев.

Нашиот прв противник во квалификациите ни е репрезентацијата на Германија, а натпреварот се игра утре, со почеток од 16 часот. На 28-ми во истиот термин се среќаваме со Франција, а на 31. играме со домаќинот Словенија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!