РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија ги започна подготовките за Данска, Херера верува во успех и позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за претстојниот плеј-оф дуел против Данска во борбата за пласман на Светското првенство. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, националниот тим го одработи првиот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Поради отсуство на неколкумина фудбалери, кои се очекува да му се приклучат на тимот во текот на вечерта, своите први впечатоци ги сподели Себастијан Херера од Борац Бања Лука. Тој нагласи дека репрезентацијата мора да биде максимално мотивирана и да верува во сопствениот квалитет пред гостувањето во Копенхаген на 26 март.

„За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера, да го облечам дресот на Македонија. Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам на репрезентацијата. Ова го посакував, го чекав и го сонував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Со нетрпение очекувам да започнеме.

Најважно е да бидеме тим, сите заедно. Знам дека на мојата позиција Алиоски има големо искуство и многу години во репрезентацијата, и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар. Данска е силна репрезентација, но ние се фокусираме на нас самите. Верувам дека натпреварот е 50-50 и дека сè зависи од нас. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат, зошто да не и пласман во финале.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето на 6. коло на Трета лига регион 4. Домашниот состав имаше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар Брвеница со убедлива победа над Јехона

Вардар Брвеница со убедлива победа од 6:0 над Јехона го отвори 6. коло на Трета лига регион 6. Даниел Јандриески го отвори резултатот,...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев е новиот светски шампион во карате!

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!