Трета лигаФудбал

Минимална победа за Превалец, висок пораз на Росоман, Борец убедлив!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Превалец со голот на Ристо Станковски го доби мечот со Младост во Кривогаштани откако славеше со 0:1 во рамки на 17. коло на Трета лига – Југ.

Дебакл на Росоман кој загуби од Башкими од Јаболчиште со 0:4 – Лавдрим Лазами го отвори мечот во 3. минута, а потоа хет-трик постигна Емре Исмаил со три гола о вториот дел.

Влазними Јуниор и Ултрас ги поделија бодовите откако одиграа 1:1, за гостинот погоди Стојески во 78. минута, а за домаќинот Велиоски во 85. минута.

Ланскиот второлигаш Борец со 4:0 на домашен терен го доби Млекар – двоен стрелец беше Стефан Филиповски, а по еден гол постигнаа Мирчевски и Миловановиќ.

Венец ја доби голеадата со Тополка во гости, откако тимот од Долни Дисан беше подобар со 3:4.



Драскачев, Гаштев и Дурмишов беа стрелци за домашниот тим, за гостинот Марјанчо Илов беше двоен стрелец, а по еднаш погодија Шишков и Неделков.

Борец е на врвот од табелата и продолжува да го трасира патот кон второлигашкиот бараж.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Реми на „рударите“ и „калинкарите“, Руни го реши мечот во Виница, Тоше Манов со хет-трик го „потопи“ Огражден

Овче Поле го декласираше хитот во Трета лига регион 3, Огражден од Ново Село со 3:0 на домашен терен во меч од шестото...

Втора лигаФудбал

Ерен Парталко го спаси Кожуф во 89. минута од пораз, откако ремизираше со Камјани

Без победник заврши дуелот од 8. коло на Втората лига меѓу Камјани и Кожуф, откако двете екипи одиграа 1:1. Арбин Курти во 22....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ерен Парталко го спаси Кожуф во 89. минута од пораз, откако ремизираше со Камјани

Без победник заврши дуелот од 8. коло на Втората лига меѓу Камјани...

Прва лигаФудбал

Силекс се врати на победите, Шкендија славеше во Автокоманда

Екипата на Силекс забележа значајна победа на гостувањето кај Башкими во Куманово,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!