Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Сподели
ФОТО: Федерація гандболу України/Ukrainian handball federation
Сподели

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во Македонија беше насочено кон пресметката меѓу Украина и Словачка – потенцијални ривали на нашата селекција во следната рунда.

Словачките ракометари остварија важна победа од 24-27 на гостински терен во германскиот Бенсхајм, правејќи голем чекор кон пласман во следната фаза. Уште на полувремето имаа солидна предност од 11-16, која успешно ја задржаа до самиот крај.

Украина настапи со ослабен состав, но и покрај тоа пружи отпор, предводена од Игор Турченко кој постигна дури 11 погодоци. Кај Словачка се издвои Бриатка со седум гола, додека значаен придонес дадоа и Потиск и Прокоп, а голманот Зернович имаше забележителни интервенции.

Реваншот ќе се одигра на 22 март во Повашка Бистрица, по што ќе биде познат противникот на Македонија во следниот квалификациски филтер за Мундијалот.



Во вториот натпревар од програмата, Грција го искористи домашниот терен и ја совлада Белгија со 29-26, обезбедувајќи предност пред реваншот. Николаос Лиапис кој го носи дресот на Охрид постигна два погодоци за грчката репрезентација.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Семинарот за обновување на тренерските лиценци за 2026/2027 ќе биде во Струга

Во тек е пријавувањето за учество за семинарот за обновување на тренерските...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!