Ракомет

Семинарот за обновување на тренерските лиценци за 2026/2027 ќе биде во Струга

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во тек е пријавувањето за учество за семинарот за обновување на тренерските лиценци за сезона 2026/2027, а кое година наместо во Охрид, ќе се одржи во Струга во СЦ „Тими“.

Здружението на ракометни тренер на Македонија согласно „RINCK“ Конвенцијата организира Семинар за ракометни тренери, ЗАДОЛЖИТЕЛЕН за добивање тренерска лиценца во сите категории за натпреварувачка сезона 2026/27 год. во националното
првенство.

Учество на семинарот е задолжително за сите тренери (вклучува: помошник тренер, тренер на голмани, кондиционен тренер) кои имаат потреба од тренерска лиценца за натпреварувачка сезона 2026/27.

Котизација за учество на Семинарот изнесува 4.000,00 ден. За секаков вид отсуство од Семинарот, доколку тренерот има потреба од лиценца треба да уплати сума (казна) во висина 10.000,00 (десет) илјади денари.



Пријавувањето е отворено до 1 мај 2026 година, а дводневниот семинарот ќе се реализира на 13 и 14 јуни 2026 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!