Ракомет

Струмица ќе биде домаќин на Ф4 турнирите во Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометната федерација на Македонија донесе одлука завршните турнири во Купот на Македонија да се одиграат во Струмица. Одлуката беше изгласана на редовната седница на Управниот одбор, каде се разгледуваа повеќе прашања поврзани со организацијата и функционирањето на македонскиот ракомет.

Иако во јавноста како потенцијални домаќини се споменуваа Охрид и Битола, изборот падна на Струмица, каде натпреварите ќе се играат во салата „Парк“. Терминот за одигрување на Фајнал-фор турнирите е од 17 до 19 април.

Во машка конкуренција, за трофејот ќе се борат актуелниот освојувач Вардар, како и Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид, што ветува силна и неизвесна завршница.

Покрај машкиот турнир, во истиот период и на истата локација ќе се одржи и завршницата во женска конкуренција, со што Струмица ќе биде центар на македонскиот ракомет во тие денови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рабија Дервиши донесе победа за шампионот Скопје, три бода за Тиверија Брера и Истатов, минималец на Вардар

Шампионот Скопје го доби дербито со Каменица Саса во Македонска Каменица, откако со минимални 0:1 славеше во мечот од 9. коло на Првата...

Втора лигаФудбал

(ФОТО) Брера и Беласица ги поделија бодовите во струмичкото дерби, Цицмиловиќ дебитираше со реми

Градското дерби во Струмица меѓу Брера и Беласица заврши без голови (0:0), па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид броеше до 42 против Мулти Есенс за петта суперлигашка победа!

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи во домашното првенство. Актуелниот освојувач на...

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!