Ракомет

Струмица ќе биде домаќин на Ф4 турнирите во Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометната федерација на Македонија донесе одлука завршните турнири во Купот на Македонија да се одиграат во Струмица. Одлуката беше изгласана на редовната седница на Управниот одбор, каде се разгледуваа повеќе прашања поврзани со организацијата и функционирањето на македонскиот ракомет.

Иако во јавноста како потенцијални домаќини се споменуваа Охрид и Битола, изборот падна на Струмица, каде натпреварите ќе се играат во салата „Парк“. Терминот за одигрување на Фајнал-фор турнирите е од 17 до 19 април.

Во машка конкуренција, за трофејот ќе се борат актуелниот освојувач Вардар, како и Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид, што ветува силна и неизвесна завршница.

Покрај машкиот турнир, во истиот период и на истата локација ќе се одржи и завршницата во женска конкуренција, со што Струмица ќе биде центар на македонскиот ракомет во тие денови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!