Утре се игра последниот меч за комлетирање на четвртиналето во Купот на Македонија со дербито меѓу Струга Трим Лум и Шкендија, а победникот од овој дуел ќе оди на соочување со второлигашот Шкендија Арачиново.
Познати се и судиите кои ќе ја делат оравдата на супер дербито покрај Охридското Езеро.
Фатмир Бафто ќе биде главем судија, а негови асистенти ќе бидат Мишо Ѓорѓиески и Тоше Ицев, а четврт судија ќе биде Стојанче Трпчевски.
Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски како ВАР судија и Гоце Петрески како АВАР судија.
Оператор за повторување на снимката ќе биде Петар Мукоски. Делегат ќе биде Аки Шукрија, а контролор Јосип Бартон.
Мечот стартува во 14:30 часот.