Сериозни промени претрпе табелата во Првата женска фудбалска лига, откако по одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ, за што веќе објави Спортска Мрежа, на актуелниот шампион Љуботен му се одземени девет бодови, а притоа клубот е парично казнет со 750 евра, поради напуштање на натпреварот во рамки на 17. коло помеѓу екипите на ЖФК АС Јунајтед и ЖФК Љуботен.
Сега тимот на Љуботен заврши дури на четвртото место со 34 бодови на своето конто, а пак Тиверија Брера сега изби на второто место со 36 бодови, а Истатов е на третото место со 35 бодови.
Пред стартот на третиот круг од шампионатот веќе една работа е јасна – Скопје е речиси шампион и нема што и кој да го запре, а тимот од Пржино кој е лидер со 51 бод има 15 повеќе од второпласираната Тиверија Брера.
Промени има и во долниот дел од табелата, како што ексклузивно објави Спортска Мрежа екипата на Кочани службено со 0:3 го доби мечот со Топ Гол, кој го загуби со 2:1, откако беше поднесе жалба од страна на тимот на Кочани, а кој беше прифатена од страна на комисијата за женски фудбал при ФФМ.
Сега Кочани е на претпоследното место или во бараж зоната со седум бодови, а на дното се спушта Топ Гол со четири бодови, позиција која води кон испаѓање во Втора лига.
| Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ЖФК СКОПЈЕ 2014 | 18 | 17 | 0 | 1 | 49 | 6 | +43 | 51 |
| 2 | ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД | 18 | 12 | 0 | 6 | 38 | 21 | +17 | 36 |
| 3 | ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје | 18 | 11 | 2 | 5 | 48 | 23 | +25 | 35 |
| 4 | ЖФК ЉУБОТЕН (-9) | 18 | 14 | 1 | 3 | 75 | 12 | +63 | 34 |
| 5 | ЖФК КАМЕНИЦА САСА | 18 | 11 | 0 | 7 | 51 | 18 | +33 | 33 |
| 6 | ФК АСС УНИТЕД/ЖФК | 18 | 9 | 3 | 6 | 38 | 23 | +15 | 30 |
| 7 | ЖФК Вардар 2023 | 18 | 4 | 2 | 12 | 12 | 66 | -54 | 14 |
| 8 | ЖФК РЕЧИЦА | 18 | 3 | 2 | 13 | 20 | 61 | -41 | 11 |
| 9 | ЖФК КОЧАНИ | 18 | 2 | 1 | 15 | 13 | 79 | -66 | 7 |
| 10 | ФК ТОП ГОЛ/ЖФК | 18 | 1 | 1 | 16 | 12 | 47 | -35 | 4 |