На денешната седница на Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија беа донесени сериозни санкции поврзани со натпреварот од 17. коло во женската лига.
Имено, ЖФК Љуботен е казнет со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна од 750 евра поради напуштање на теренот за време на натпреварот против ЖФК АС Јунајтед. Овој потег се смета за тежок дисциплински прекршок според правилниците на федерацијата, бидејќи директно влијае на регуларноста и интегритетот на натпреварувањето.
Исто така дисциплинската комисија на ФФМ покренува постапка против претседателот на ЖФК Љуботен, Драгољуб Јовановски, поради повикување на фудбалерките на ЖФК Љуботен да го напуштат натпреварот во рамки на 17. коло помеѓу екипите на ЖФК АС Јунајтед – ЖФК Љуботен.