РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери за бараж натпреварите , тројца дебитанти во нацоналниот дрес

Сподели
Сподели

Новиот селектор на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните бараж натпревари за пласман на Светскиот шампионат.

Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 28 играчи, а меѓу нив се тројца кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на Борац Бања Лука, Себастијан Ерера, стоперот на тетовска Шкендија, Имран Фетаи и напаѓачот на Сиетл, Дени Мусовски. Во составот има и фудбалери кои по извесна пауза повторно се дел од најдобрата селекција и тоа Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев кој настапува во првенството на Узбекистан и Егзон Бејтулаи од Дрита.

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Валенсија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука), Дејан Илиев (Рапид Букурешт)

ОДБРАНА: Езгијан Алиоски (Лугано), Андреј Стојчевски (Словачко), Себастијан Ерера (Борац Бања Лука), Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Ајман), Никола Серафимов (Левски), Висар Муслиу (Сен Трујден), Имран Фетаи (Шкендија Тетово), Егзон Бејтулаи (Дрита)

СРЕДЕН РЕД: Елиф Елмас (Наполи), Енис Барди (Коњаспор), Бобан Николов (Вардар), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц), Решат Рамадани (Шкендија), Исник Алими (Далијан), Љупче Дориев (Согдиана), Лука Станковски (Колос Коваливка), Јани Атанасов (АЕЛ Лариса).

НАПАД: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс), Дарко Чурлинов (Коџаели), Милан Ристовски (Бохемијанс), Александар Трајковски (Локомотива Загреб), Елмин Растодер (Тун), Лирим Ќамили (Сондерјиске), Дени Мусовски (Сиетл)

Собирот на репрезентацијата е закажан за во недела, а првиот противник во полуфиналето ни е селекцијата на Данска. Натпреварот се игра на 26 март во Копенхаген, со почетокотод  20 часот и 45 минути. Вториот натпревар во кој противник ќе ни биде Чешка или Република Ирска ќе се одигра на 31 март.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со нов чекор: формирани У-13 и У-15 селекции, Миркуловски и Матлиески ќе бидат селектори

Ракометната федерација на Македонија продолжува со развојот на младинските категории, откако на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пораз од Хрватска ги заврши квалификациите за ЕП 2027

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Хрватска (53:91) го...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Емотивно збогување: Македонија им се заблагодари на Митрашиновиќ и Трајчевска

Кошаркарската федерација на Македонија на достоинствен и емотивен начин им оддаде почит...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!