Македонските кикбоксери остварија одличен успех на ВАКО Светскиот куп кој се одржа во Лидо ди Јесоло, Италија, освојувајќи вкупно 8 медали – 4 златни, 1 сребрен и 3 бронзени.
Еден од златните медали за Македонија го освои Стефан Михајловски во дисциплината кик лајт во категоријата над 94 килограми. Тој во финалето славеше против Јанислав Ангелов од Бугарија со убедливи 3:0.
На патот до златниот медал Михајловски имаше сигурни настапи и претходно ги совлада Франческо Криваро од Италија и Кристофер Марчев од Бугарија, исто така со резултат 3:0.
Резултати – кик лајт, сениори (+94 кг):
Стефан Михајловски – Франческо Криваро (Италија) 3:0
Стефан Михајловски – Кристофер Марчев (Бугарија) 3:0
Финале:
Стефан Михајловски – Јанислав Ангелов (Бугарија) 3:0
На турнирот учествуваа 2.397 кикбоксери со вкупно 3.982 натпреварувачки влезови од 432 клуба од 45 држави, што уште повеќе ја зголемува вредноста на успехот на македонските натпреварувачи.
Златни медали освоија: Силвио Мировски, Петре Велков, Калин Бабоски, Стефан Михајловски.
Сребрен беше само Андреј Смилевски.
Бронзени освоија: Мирко Василев, Радослав Велески, и Давид Атанасовски.