ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Сподели
ФОТО: Futsal Team Seeu University
Сподели

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал лига, а на кои натпревари имаше голем број на погодоци.

СЕЕ Университи продолжува да го трасира патот кон влез во Првата футсал лига, откако во Битола со 3:6 славеше над Конзули, во меч каде за гостинот Исмет Цека постигна три гола, а во листата на стрелци за тетовскиот тим се запишаа Гезим Азизи кој во 3. минута го отвори резултатот, Самир Рамадани кој погоди во 10. минута, а во вториот дел за СЕЕ Университи стрелаше Зеќирија Османи. Автогол си постигна Ермал Љиворека.

За домашниот тим двоен стрелец беше Игор Скепаровски, кој погоди по еднаш во двете полувремиња.

Трите бодови останаа во Кочани откако Фудбал Старс со 15:4 го декласираше „фенерџијата“ Карадаку, тим кој и натаму нема бодови.



Дејвид Иванов се истакна со четири гола за дебитантот од Кочани, по три гола постигнаа Јован Стојанов и Давид Тренчев, двојни стрелци беа Христијан Крстов и Ѓорги Зашев, а еден гол постигна Драган Трајчов.

За гостинската екипа двоен стрелец беше Шуајб Шукрија, а пак по еден гол постигнаа Аднан Зенели и Омер Саќипи.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!