Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад не се одигра, откако екипата на Речица не допатува во Кичево за да го одигра натпреварот со Напредок.
По чекање од 30 минути гостинската екипа не допатувала во Кичево, со што натпреварот не се одиграл. Овој натпревар е регистриран со службени 3:0 за тимот на Напредок, кој добива и службени три бодови.
Колото се комплетира утре со останатите натпревари.