РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски подготвува освежен список – дебитантски повик за Фетаи, се враќа и Дориев

Сподели
Сподели

Новото поглавје во фудбалската репрезентација на Македонија под водство на селекторот Гоце Седлоски ќе започне со претстојните бараж натпревари за пласман на Светското првенство, а во пресрет на објавувањето на првиот список веќе се појавуваат дел од имињата кои ќе добијат повик.

Според информациите, на списокот ќе има и нови фудбалери, а меѓу нив дефанзивецот на Шкендија, Имран Фетаи. 23-годишниот фудбалер, кој претходно настапуваше за младинските селекции на Македонија, со своите добри партии во тетовскиот клуб го заслужи првиот повик во сениорската репрезентација.

Од истиот клуб во националниот тим ќе биде и Решат Рамадани, кој веќе има два настапи во дресот на Македонија. Актуелниот шампион веќе ги потврди повиците за овие двајца фудбалери.

Во националниот состав повторно ќе се најде и крилниот напаѓач Љупче Дориев, кој настапува за Согдиана, потврди неговиот клуб. Дориев во изминатиот период играше одлично во Узбекистан, каде минатата сезона беше прогласен за најдобар странец и најдобар стрелец во првенството.

Фудбалерот има девет настапи за Македонија, а дебито го запиша во 2017 година против Фудбалска репрезентација на Лихтенштајн во Струмица. Неговиот последен настап беше во 2023 година против Фудбалска репрезентација на Украина.

Македонската репрезентација првиот натпревар од баражот ќе го одигра на 26 март против Фудбалска репрезентација на Данска во Копенхаген.



Доколку избори пласман понатаму, македонските фудбалери на 31 март ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Ирска и Чешка, во натпревар кој би се играл во Даблин или Прага.

Се очекува конечниот список на Седлоски официјално да биде објавен во наредните денови.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Арсими е последниот патник во четвртфиналето откако преку пресврт ја доби Брера во Струмица

Прволигашот Арсими е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако во осминафиналето славеше над второлигашот Брера во Струмица преку пресврт со...

Младински фудбалФудбал

Ѓорги Христов: Резултатите во младите категории се важни, но уште поважно е колку фудбалери ќе успееме да создадеме за А репрезентацијата!

Техничкиот директор на младинските национални тимови, Ѓорги Христов, на брифингот со медиумите говореше за досегашните резултати, предизвиците со кои се соочуваат младинските селекции,...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Ништо не е готово, секоја победа не носи поблиску до целта!

Македонската сениорска репрезентација ја очекува важен дуел против Кипар, втор во рамките...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Позната судиската тројка за дуелот Македонија – Кипар

Францускиот судија Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов ќе...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У16 и Црна Гора без голови на првата контролна средба

Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено 0:0 против Црна Гора во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 поразена од Србија на првиот контролен дуел

Во првиот од двата контролни натпревари, македонската репрезентација до 15 години претрпе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!