Трета лигаФудбал

Пирава ќе „гори“ – важно известување пред дербито меѓу Ударник и Победа од Валандово

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

В недела се игра мега дербито на Југот меѓу Ударник и Победа Валандово во Пирава, дерби кое повеќе од јасно е дека ќе ја исполни трибината на фудбалскиот терен и се очекува голем број на публика.

Ударник кој е домаќин на мега дербито излезе со официјално соопштение пред самото дерби кое се игра в недела со почеток од 14 часот на фудбалскиот терен „Ѓоге Џонов“.

Поради најавената голема посетеност, на влезовите на стадионот ќе се врши задолжителен претрес за пиротехнички средства, алкохол и други недозволени предмети, од таа причина ФК Ударник ги замолува навивачите и љубителите на фудбалот да пристигнат еден час пред натпреварот, со цел да се избегнат гужвите, а по почетокот на натпреварот вратите на стадионот ќе бидат затворени и нема да биде дозволен влез, се потенцира во соопштението на клубот од Пирава.

„Почитувани навивачи и љубители на фудбалот, Ве покануваме да присуствувате на претстојниот дерби натпревар, каде очекуваме голема поддршка од трибините и вистинска фудбалска атмосфера.
Поради најавената голема посетеност, ве информираме дека на влезовите на стадионот ќе се врши задолжителен претрес за пиротехнички средства, алкохол и други недозволени предмети.

Поради тоа, ве замолуваме да пристигнете најмалку 1 час пред почетокот на натпреварот, за да се избегнат гужви и да може сите навремено да влезат на стадионот. По почетокот на натпреварот, вратите на стадионот ќе бидат затворени и нема да биде дозволен влез.

Исто така апелираме до сите навивачи:

Да навиваме спортски, фер и без инциденти.
Да покажеме дека сме вистински љубители на фудбалот и дека знаеме да направиме одлична атмосфера.

Секој најмал инцидент може да предизвика сериозни последици и казни за клубот, за одговорното лице, како и за лицата кои ќе го предизвикаат инцидентот. Казните се многу високи, затоа ве замолуваме сите заедно да придонесеме натпреварот да помине во пријатна, спортска и фер атмосфера“, се вели во соопштението на ФК Ударник.

Во првото пролетно коло екипата на Ударник загуби со минимални 1:0 во Делчево од Брегалница, додека пак Победа Валандово беше слободна.



Инаку, тимот од Валандово е непоразен лидер со 28 бодови, а пак тимот од Пирава сега е трет со 25 бодови, колку што има и екипата на Овче Поле од Свети Николе која е втора, со тоа што Победа има меч помалку.

Трите екипи имаат отворени амбиции да го напаѓаат првото место кое води кон баражот за можен влез во Втора лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Лидерот Скопје ја доби Саса, сигурни и убедливи победи Тиверија Брера и Љуботен

Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над Каменица Саса и чекори сигурно кон освојување на титулата во Првата...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во гости, а во рамките на 13-тата рунда на Трета лига -Запад....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Ибраими со мајсторски гол ѝ донесе победа на Шкендија против Арсими

Фудбалерите на Шкендија запишаа важна победа во 23. коло од Првата македонска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!