Ракомет

Алушовски: „Нема што да загубиме, можеме само да добиеме“ – Пелистер против Барселона за последен тест пред дербито дома

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе гостуваат кај Барселона во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. Иако шансите за пласман во плеј-офот се веќе исцрпени, битолчани гледаат на овој дуел како можност за дополнително зацврстување на тимот и проверка на формата пред клучниот дел од сезоната.

Тренерот на Пелистерци, Стевче Алушовски, признава дека Барселона е еден од најсилните тимови во Европа, составен од врвни интернационалци и млади репрезентативци на Шпанија, кои долго време играат заедно и ја имаат усовршено својата игра. Сепак, според него, неговиот тим нема што да загуби и може само да извлече позитивно искуство од овој натпревар.

„Барселона е лидер во нашата група и во моментов игра, па можеби најдобар ракомет во Европа. Составена е од голем број интернационалци, како искусни, така и млади репрезентативци на Шпанија. Оваа екипа има систем кој долго го игра..ние нема што да загубиме на овој натпревар, туку можеме само да добиеме. Најмногу за да останеме во силен натпреварувачки ритам, затоа што веќе во недела ни следува дербито на сезоната“, изјави Алушовски.

ФОТО: Еурофарм Пелистер

Исто така, тој додава дека неговиот тим се подготвува максимално за натпреварот, анализирајќи ги слабостите и силните страни на Барселона, со цел да го примени својот систем и да се обиде да изненади ако се укаже шанса. Иако има мали кадровски проблеми, играчите се фокусирани на максимална подготвеност.

„Се подготвуваме за Барселона како и за секој друг натпревар, бидејќи добро ни дојдоа овие 3-4 натпревари од Европа за да бидеме максимални во плеј-офот. Анализираме кои се слабите страни во одбраната и во нападот, ќе пробаме да го имплементираме нашиот систем и да одговориме на нивната игра. Имаме мали кадровски проблеми, Филип Кузмановски уште не е во тренажен процес, но се подготвуваме максимално. Очекувам натпревар за уживање, можеби нема да биде сличен како оној во Битола, но ќе се обидеме да изненадиме ако ни се укаже шанса“, додава Алушовски.

ФОТО: Еурофарм Пелистер

Средбата меѓу Барселона и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во среда (11.03) во 20:45 часот, а битолчани ќе се обидат да извлечат максимум од овој тежок предизвик и да ја зацврстат својата форма пред дербито во домашното првенство.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Трета лигаФудбал

Камјани има солидна бодовна предност во Трета лига – Запад, ќе биде ли доволна за второлигашки бараж?

Три екипи се имаат шанси за првата позиција во Трета лига – Запад која води кон баражот за Втора лига, но најголема шанса...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на...

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

Ракомет

Битола вечерва ќе гори – Вардар доаѓа како лидер, шампионот Еурофарм Пелистер без право на грешка!

Македонската ракометна јавност вечерва ќе биде насочена кон Битола, каде што Еурофарм...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!